Дончиќ израмни рекорд на Новицки (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Далас маверикс прокоцка водство од 15 поени и загуби од Минесота тимбервулвс (101-119), а Лука Дончиќ постигна 39 поени, шест скокови и 13 асистенции.

Дончиќ на овој натпревар израмни и рекорд на легендарниот Дирк Новицки кој беше осамен на вечната листа на играчи кои постигнале 35 или повеќе поени за тимот. И Новицки и Дончиќ имаат по 78 такви натпревари.

На Германецот за таков подвиг му беа потребни 1.522 натпревари, додека на Дончиќ му успеа во само 353 меча.