Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал одигра 1-1 на „Енфилд“ против Ливерпул во дербито од Премиерлигата, а Букајо Сака по мечот кажа дека е задоволен со резултатот.
Сака смета дека Арсенал можел и до победата, но сепак и освоениот бод е доволен за „топчиите“ да го задржат првото место на табелата.
„Фрустриран сум што не победивме. Кога ќе дојде тука и ќе заминеш лут, тоа кажува многу. Честитки за Ливерпул, тие играа добро. Сè уште е рано да зборуваме за титулата. Уште сме на врвот и тоа е убаво, но рано е да се мисли на трофејот“, вели Сака.