Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид во моментов е заинтересиран за еден од најголемите аргентински таленти, Клаудио Ечевери.
Ечевери има само 17 години и веќе ги воодушеви сите со настапите за Ривер плејт, а многумина го нарекуваат и „новиот Лионел Меси“, иако дефинитивно ќе му треба многу за да го надмине неговиот сонародник.
Во моментов се води голема битка меѓу Реал Мадрид, Барселона и Манчестер сити, но наводно „кралевите“ се најблиску до договор со Ечевери.
Договорот на Ечевери со Ривер плејт трае до декември 2024 година, но останува да видиме дали ќе остане во аргентинскиот тим до крајот или ќе се пресели претходно во некој од заинтересираните клубови.