Детроит ја израмни најдолгата серија од порази во НБА


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Детроит пистонс загуби и од Бостон селтикс со 122-128, а тоа беше нивни 28. пораз по ред во НБА-лигата, па така го израмни рекордот за најдолга серија без победа.

Рекордер во неславната категорија е Филаделфија сиксерс, и тоа од сезоните 2014/15 и 2015/16, а доколку продолжи вака, Детроит дефинитивно би го урнал рекордот.

Детроит во еден момент од мечот водеше со 21 поен разлика, но во второто полувреме се распадна и загуби со 122-128.