Тур Д`Франс наредната година на сите 5 планински венци во Франција


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Трката околу Франција наредната година по прв пат по 25 години ќе се вози на сите 5 планински венци во Франција.

    Организаторите се во поход да ја „подмладат“ 113 години старата трка.

    Според експертите, 18-та етапа ќе биде највозбудлива, со оглед на тоа што се вози низ единствениот планински премине Кол д Изоар, високо на Алпите.

    Токму таа етапа организаторите сметаат дека може да биде одлучувачка во борба за чекот од 500.000 евра.

    Претходно, на 12-та етапа Тур ќе поминува и низ ски центарот Перагид во Пиринеите, каде во 1997 година беше сниман филмот на Џејмс Бонд.

    Тур д Франс ќе стартува на 1-ви и ќе трае до 23-ти јули 2017-та година, а ќе треба да се поминат вкупно 3.516 километри.