Ѓоковиќ утре ќе го почне нападот на титулата во Австралија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се здоби со повреда на Јунајтед купот, но за краток период се рехабилитира и ќе настапи на Австралијан опен, кој е закажан за периодот од 14 до 28 јануари.

Ѓоковиќ почувствувал болка во лактот и тоа ги загрижи сите, но Ѓоковиќ најави дека утре од 6.15 часот ќе тренира на „Род Лејвер“ арената каде што освои 10 титули.

Да потсетиме, Рафаел Надал нема да настапи на Австралијан опен поради микроруптура на мускулот, а тоа значи дека нема да има шанса да ја намали разликата по број на гренслем-титули зад Ѓоковиќ.