Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20.30 часот ќе се соочи против домаќинот Германија во рамки на второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).
Ова за Македонија ќе биде шести меѓусебен натпревар, откако досега загуби четири пати, а еднаш одигра нерешено.
Првиот натпревар го одиграа во 1999 година кога Македонија загуби со 25-36, а потоа идентично беше и во 2009 година (23-33). Следниот пораз за македонските ракометари стигна во 2012 година (23-24), додека една година подоцна бевме совладани со 23-28.
Последниот натпревар, кој се одигра во Загреб, заврши нерешено (25-25), а тоа беше меч во кој Македонија имаше напад за победа.