Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров гостуваше во Македонската радио телевизија и кажа дека била остварена целта на Европското првенство (ЕП).
Македонија загуби од Франција и Германија, но за крај на првенството ја совлада Швајцарија како што се планирало и пред настапот.
„Ние сакавме победи и против Германија и Франција, но не беше реално да се случи изненадување. Знаевме дека единствена шанса ни е Швајцарија која воопшто не е слаб тим и не би сакал да ни се паднат во баражот за Светското првенство“, кажа Лазаров.