Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди би можел во јануари да го напушти Интер, а за неговите услуги заинтересирани се неколку клубови.
Икарди е во немилост на навивачите на Интер, па така негово заминување е се поочигледно.
Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ ќе се обиде да ја искористи караницата на Икарди и навивачите, па во јануари сака да го донесе во свои редови.
Да потсетиме, ПСЖ и во летниот преоден рок се обиде да го донесе Икарди, но не успеа.
Икарди досега одигра 10 натпревари за Интер и постигна 6 голови и 2 асистенции.