Борусија договори трансфер вреден 37 милиони евра


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Борусија Дортмунд дополнително го подмлади тимот ова лето, а веќе осигура и едно засилување за наредната сезона. Медиумите пишуваат дека во тимот ќе дојде Топрак од Баер Леверкузен.

    Ова инаку не е ништо ново во Германија, клуб да донесе засилување додека сезоната сеуште трае. Најдобар пример е Баерн, кој исто направи со Геце и Левандовски кога ги донесе од Дортмунд.

    Топрак минатото лето беше на праг до преселба на „Вестфален“, но „Аптекарите“ сепак го стопираа трансфрерот. Борусија нудеше 22 милиони евра за него, но во Леверкузен не се согласија на крајот за таа сума.

    Тоа на крајот се покажа дека било грешка, бидејќи Баер изгуби 10 милиони евра. Топрак има договор со нив до 2018-та година по која во претпоследната година од договорот има фиксна откупна клаузула од 12 милиони евра.

    Откако почна новата сезона, а тој влезе во споменатата година од договорот, клубот не можеше да направи ништо и наредното лето ќе добие 12 милиони евра.

    Одлично во оваа приказна помина и Топрак. Тој за наредните 4 години од Дортмунд ќе добие 25 милиони евра, односно 6.25 милиони по сезона

    Тренерот на Дортмунд смета дека играчот е идеално решение за неговите проблеми во одбраната. Откако се распадна тандемот Хумелс-Суботиќ, Борусија има големи маки со стоперите. Хумелс замина во Баерн додека Србинот е повреден.