Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рускиот тенисер Данил Медведев минатата недела се откажа од турнирот во Ротердам, а сега се повлече и од настап во Доха.
Медведев во Доха требаше да ја брани титулата, па тоа значи дека ќе загуби 250 бодови на ранг-листата на АТП.
„За жал, не можам да ја бранам титулата бидејќи не сум целосно подготвен. Жал ми е за турнирот, навивачите и спонзорите“, кажа Медведев.
Прв носител на турнирот се очекува да биде Андреј Рубљов, а големи шанси за титулата има и Јаник Синер.