Голот на Галено кој му пресуди на Арсенал (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Порто славеше во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ) против Арсенал со 1-0.

Двете екипи играа интензивен фудбал, но единствениот гол беше постигнат дури во четвртата минута од судиското надополнување преку Галено.

Крилото на Порто ја доби топката на левата страна, по што испрати прекрасен удар кон голот на Раја.

Галено оваа сезона има одиграно 31 натпревар, а притоа постигна осум голови и девет асистенции.