„Голден Стејт и со Дурант ги имаат истите проблеми“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот Чарлс Баркли изјави дека Голден Стејт ги има истите проблеми и покрај доаѓањето на Дурант во тимот.

    Минатата сезона тие доминираа во регуларниот дел од сезоната со рекорден скор од 73-9, но во финалето изгубија со 3-1 од Кливленд.

    Баркли е убеден дека и овој нов тим на Голден Стејт ги има истите проблеми.

    „И понатаму мислам дека ги имаат истите проблеми кои ги имаа и минатата сезона.“

    „Дали може да скокаат? Тие повторно се тим кој испраќа многу удари. Нема да постигнат многу поени во рекетот. Дали таквата игра може да помине во напорниот НБА плеј-оф? Јас и понатаму мислам дека не.“

    Минатата сезона Баркли најави победа на Кливленд во финалето, ако сите во тимот бидат здрави.

    „Реков дека Голден Стејт нема да може да игра со низок тим и да ја освои титулата ако сите во Кливленд се здрави. Тоа и се случи.“

    https://youtu.be/BGuiwTNYBWg