Вардар на грбот на Велковски освои бод против Гостивар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ремизира против Гостивар на тешкото гостување во 23. коло од Првата лига.

Вардар им одолеа на нападите на Гостивар, а најзаслужен за освоениот бод на „црвено-црните“ е македонскиот голман Методија Велковски.

„Црвено-црните“ во моментов се на 10. место во лигата со 25 бодови, односно еден помалку од Воска Спорт.