Македонија во вториот шешир за квалификациите за ЕП 2026


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација е во вториот шешир за ждрепката за квалификациите од Европското првенство (ЕП) 2026.

ЕХФ ја закажа ждрепката за 21 март во Копенхаген, кога Македонија ќе ги дознае ривалите за турнирот во Данска, Норвешка и Шведска.

Во квалификациите ќе има осум групи по четири тимови, а најдобрите две во секоја група ќе обезбедат пласман на ЕП 2026, додека место на турнирот ќе има и за четирите најдобри третопласирани селекции.