Митревски потпиша двегодишен договор со Пелистер

Македонскиот голман Никола Митревски потпиша договор со Пелистер, па така се враќа во Битола по пауза од неколку години.

Митревски ќе брани за македонскиот шампион од следната сезона, а тој играше за Пелистер и во сезоната 2019/20.

„Добредојде дома“, објави Пелистер на промоцијата на Митревски.