Анчелоти: Манчестер сити е фаворит против Реал Мадрид

Реал Мадрид на денешната ждрепка за четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) го доби Манчестер сити за противник.

„Граѓаните“ минатата година стигнаа до европскиот трон откако го елиминираа Реал, а тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти повторно му ја препушти фаворитската улога на премиерлигашот.

„Можеби ќе ми се смеат поради ова, но тоа е реалноста. Сити е фаворит во оваа средба затоа што го освоија натпреварувањето минатата година, меѓутоа и ние имаме самодоверба да направиме добар резултат. Четвртфиналето во Лигата на шампиони ни покажува дека е комплицирано натпреварување за сите екипи“, кажа Анчелоти.