Драма во Аргентина: Фудбалер на Естудијантес колабираше на теренот (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Натпреварот од аргентинскиот Лига Куп меѓу Естудијантес и Бока јуниорс беше прекинат во 27. минута откако еден од домашните фудбалери колабираше на теренот.

Хавиер Алтамирано наеднаш падна на тревата, по што мораа да интервенираат медицински екипи.

Чилеанскиот фудбалер беше пренесен во болница, а според првичните информации неговиот живот не е во опасност.