Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот македонски ракометар Филип Миркуловски доби нов договор од германскиот тим Вецлар.
Миркуловски настапуваше за Вецлар од 2015 година, а потоа стана дел од стручниот штаб на бундеслигашот.
Македонската ракометна легенда со новиот договор ќе остане во Вецлар до 30 јуни 2025 година и ќе му биде асистент на тренерот Франк Карстенс.
„Се чувствувам убаво во Вецлар. Дел сум од екипата веќе девет години. Одлично е да се работи со Френк и задоволен сум што ја подобривме играта во напад оваа сезона“, кажа Миркуловски.