Ферстапен е блиску до договор со Мерцедес!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светските медиуми пишуваат дека Макс Ферстапен ќе замине од Ред Бул поради скандалот со кој се соочи тимот, откако шефот Кристијан Хорнер беше обвинет дека вознемирувал колешка.

Легендата во Формула 1, Џони Херберт вели дека има нови информации на оваа тема и според него Ферстапен е блиску до договор со Мерцедес.

Ферстапен наводно треба да биде замената за Луис Хамилтон, кој од 2025 година ќе вози за Ферари.

„Според мои извори, Ферстапен е блиску да замине, а слушнав дека Мерцедес е блиску да го договори“, кажа Херберт.