Сабаленка испрати порака по смртта на поранешното момче


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белорусинката Арина Сабаленка го прекина молкот на социјалните мрежи и испрати прва порака до јавноста по смртта на поранешното момче, Константин Колцов.

Колцов почина во Мајами, а досега се појавија неколку теории за неговата смрт, и тоа од самоубиство до паѓање од балкон.

„Смртта на Константин е огромна трагедија, и покрај тоа што не сме заедно, срцето ми е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата приватност и приватноста на моето семејство во овие тешки времиња“, напиша Сабаленка на Инстаграм.