Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ кажа дека е среќен со настапот на неговите избраници и пласманот во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).
Терзиќ кажа дека фудбалерите ги исполниле неговите барања и заслужено успеале да остварат победа.
„Среќен сум, кога играте на ова ниво решаваат и најмалите детали. Мило ми е што елиминиравме силен тим како Атлетико. Ветувам дека ќе се бориме до крај за титулата. Успеавме да постигнеме пет гола против Атлетико. Ривалот во полуфинале ни е тежок, но ниту на ПСЖ нема да му биде лесно пред овие навивачи.
Првата средба меѓу Дортмунд и ПСЖ се игра на 30 април во Германија, а реваншот е закажан седум дена подоцна.