„Да ги поправам грешките од минатата година“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Розберг вели дека не чувствува притисок пред крајот на Ф1 сезоната. Тој пред се сака да ги поправи грешките кои ги направил минатата година во Остин.

    Розберг и Хамилтон водат битка за титулата во Ф1.

    „Минатата сезона не беше добра за мене, ја изгубив титулата, но се радувам на враќањето во Остин и прва задача која ја имам е да ја поправам грешката од тогаш.“

    Розберг има 33 бодови повеќе во однос на Хамилтон во генералниот пласман.

    „Не размислувам за тоа. Само размислувам за подобра трка. Се надевам дека нема да возам лошо како минатата година.“