„Сакам да се борам за 2-то место“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Јамаха, Лоренцо изјави дека сака да се бори за 2-то место во генералниот пласман во Мото ГП караванот. Тој моментално има 14 бодови зад Роси.

    „Штета што така испадна во Мотеги. Сигурен сум дека можев да се борам за победа, но како што реков, ме предадоа пневматиците.“

    На лоренцо му останаа 3 трки да ги престигне тие 14 бодови повеќе кои ги има Роси.

    „Сега сакам да се борам за тоа 2-ро место, тоа би било сосема добро. Филип Ајленд ќе биде чуден бидејќи битката за титулата е готова, но ќе дадеме се од себе.“