Лунин го сака пола Европа, но голманот веќе знае каде ќе игра


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Андриј Лунин оваа сезона доби неочекувана шанса на голот на Реал Мадрид и стана еден од најдобрите голмани во Европа во моментов.

Украинецот со своите одбрани го воодушеви стручниот штаб и навивачите, а привлече и голем интерес од европските гиганти.

Шпанските медиуми пишуваат дека преговорите меѓу Реал и Лунин траат веќе некое време и тој наводно решил да остане во клубот.

Луни ги прифати условите на „кралскиот тим“, па се очекува да потпише нов договор до јуни 2028 година.