Тухел нема да остане во Баерн дури и да го молат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел кажа дека нема шанси да остане во Баерн Минхен, дури и клубот да се премислил за неговата иднина.

Тухел неодамна се договори со Баерн да замине од екипата, по што гигантот од Минхен почна активно да бара нов тренер, но немаше среќа во преговорите со Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и Чаби Алонсо.

„Откако се договоривме да се разделиме, Баерн бара нов тренер. Претпоставувам дека и претходно почнале со потрага. Ова е лоша мотивација за потоа да кажете ајде да одиме уште една сезона. Нема шанси, од моја перспектива сè е јасно“, кажа Тухел.