Мистериозна смрт: Литвански кошаркар пронајден мртов откако го исфрлиле од клуб


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Литванскиот кошаркар Ауримас Кибас бил пронајден мртов во Џенова, а полицијата почна истрага за случајот.

Причините за смртта на 27-годишниот кошаркар остануваат мистерија, а полицијата откри дека тој и негов пријател биле на ноќна забава.

Потоа Кибас бил исфрлен од клубот, а неколку часа подоцна го пронашле мртов кошаркарот, кој наводно паднал од зграда висока 20 метри.