Модриќ: Сите мислат дека лесно ќе ја освоиме ЛШ, но…


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид е фаворит во битката против Борусија Дортмунд за титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), но хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ смета дека нема да биде лесно во финалето.

Модриќ ги предупреди соиграчите дека ги чека тешка битка против „милионерите“ во Лондон.

„Ова е финале и мора да бидеме внимателни. Сите мислат дека лесно ќе победиме, но не смееме да се опуштиме. Видовте што се случи во Лига Европа“, кажа Модриќ.