Голем малер: Фудбалер на Аталанта се повреди на последниот меч и остана без настап на ЕП 2024


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот на Аталанта, Џорџо Скалвини нема да игра на Европското првенство (ЕП), откако 20-годишниот фудбалер ги скина вкрстените лигаменти на левото колено на последниот меч против Фиорентина во Серија А.

Скалвини се повреди во завршницата на мечот против Фиорентина, а деталните прегледи покажаа дека го чека подолга пауза.

Младиот дефанзивец требаше да настапи ова лето на ЕП, меѓутоа тоа нема да се случи.