Начо го остави Перез да чека, па тој му даде – ултиматум!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид неодамна потврди дека потпишале договор со Килијан Мбапе, по што му ја продолжија соработката на Лука Модриќ, а сега се обидуваат да го решат случајот со Начо.

Начо е пред крајот на договорот со „кралевите“ и го остави претседателот Флорентино Перез да чека, а тоа го налути првиот човек на шпанскиот гигант.

Шпанецот добил понуда да го продолжи договорот за следната сезона, а „Марка“ пишува дека последниот рок да ја каже својата одлука е 30 јуни.

Дефанзивецот во меѓувреме привлече интерес од Саудиска Арабија, а наводно Ал Наср подготвува богата понуда за него.