Лунин ќе замине ако не биде прв голман, премиерлигаш веќе испратил понуда?

Украинскиот голман Андриј Лунин беше одличен на голот на Реал Мадрид во минатата сезона, но ова лето би можел да го напушти шпанскиот и европски шампион.

Враќањето на Тибо Куртоа од повредата ќе значи и преселба на Лунин на клупата за резерви, а тоа не му се допаѓа на Украинецот.

Лунин има договор до јуни 2025 година, но не планира да биде резерва во „кралскиот клуб“ и затоа бара нова екипа за следната сезона.

Интерес за Лунин веќе покажал англискиот вицепрвак Арсенал, кој на голот го има одличниот Давид Раја.