Албанија го постигна најбрзиот гол на ЕП – по само 23 секунди (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Албанската фудбалска репрезентација загуби од Италија со 1-2, но го постигна најбрзиот гол преку Недим Бајрами.

Италијанците направија голема грешка на почетокот на натпреварот, кога Федерико Ди Марко лошо изведе аут и му ја подари топката на Бајрами.

Бајрами во 23. секунда ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума и донесе предност за Албанија, која сепак не траеше многу долго.