Артета избра ново засилување и му прави проблеми на Манчестер јунајтед


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Арсенал планира ова лето да донесе неколку големи засилувања, а едно од нив е репрезентативецот од Сенегал, Амаду Онана.

Англиските медиуми пишуваат дека Онана е заинтересиран за преселба во Лондон, а ова може да го искомплицира потенцијалниот трансфер на Џеред Брантвајт во Манчестер јунајтед.

Јунајтед го сака Брантвајт, но Евертон нема да си дозволи да ги загуби двајцата фудбалери бидејќи само со продажбата на Онана би заработил доволно пари да избегне санкции поради финансискиот фер-плеј.