Челси договори засилување од 19 милиони фунти, Премиерлигата планира да отвори истрага

Англискиот гигант Челси продолжува со засилувањата за следната сезона, откако новинарот Фабрицио Романо објави дека „сините“ го договориле Омари Келимен.

Келимен треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише шестгодишен договор со гигантот од Лондон, а трансферот ќе чини 19 милиони фунти.

Во меѓувреме, „Телеграф“ објави дека Премиерлигата ќе почне истрага против Челси и уште неколку тимови поради реализирање трансфери на млади играчи, односно ќе ги „чешла“ сумите кои се плаќаат за тие фудбалери.