Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ги реши дилемите за неговата иднина и ќе остане во Ред Бул и следната сезона.

Пред трката за Големата награда на Австрија, Ферстапен кажа дека не планира да го напушти шампионот.

„Веќе работиме на болидот за идната сезона, а кога сте фокусирани на тоа, значи и дека ќе возите за тој тим“, кажа Ферстапен.

Ферстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, но во изминатиот период имаше шпекулации зашто уште не е соопштено името на вториот возач на Мерцедес.