Норис му се налути на Ферстапен: Ако не се извини, ќе ја загубам цела почит!

Ландо Норис остана без пласман на трката за Големата награда на Австрија, откако имаше судир со Макс Ферстапен во завршницата.

Норис беше незадоволен и лут поради потегот на неговиот ривал од кој очекува извинување.

„Ако каже дека не направил ништо лошо, ќе ја загубам цела почит кон него. Ако прифати дека направил глупост и се извини, тогаш ќе изагубам само малку почит“, кажа Норис.