Големо засилување за шампионот: Спировски потпиша за Струга


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска го претстави најновото засилување, а тоа е поранешниот репрезентативец Стефан Спировски.

Спировски доаѓа во Струга од редовите на Етникос од Кипар, од каде што претходно македонскиот тим го ангажира и искусниот Кире Ристевски.

„Неговото искуство во европските натпреварувања сигурно ќе биде добредојдено за нашиот клуб, особено во последната линија од средниот ред, каде најдобро се снаоѓа, иако може да игра и како централен играч за врска“, соопштија од Струга.