Познати се четвртфиналните двојки на ЕП во Германија

Вчера беше комплетирана осминафиналната фаза на Европското првенство (ЕП) во Германија, кога Турција стана последниот патник во четвртфиналето.

Четвртфиналните дуели ќе се играат в петок и сабота, односно на 5 и 6 јули, по што возбудувањата продолжуваат на 9 и 10 јули со полуфиналните средби.