Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед нема да бара нов тренер туку го продолжи договорот со Ерик Тен Хаг на уште две години, односно до јуни 2026 година.
Раководството на премиерлигашот реши да потпише нова соработка со Холанѓанецот и соопшти дека тој бил најдобар избор во моментов.
„Многу сум благодарен што постигнавме договор и што ќе продолжам да работам во клубот. Кога ќе ги погледнам изминатите две години, можеме да се гордееме со двата освоени трофеи, но и неколку други примери кои го покажуваат нашиот напредок, но треба да бидеме искрени и да признаеме дека имаме уште многу да направиме за да ги исполниме очекувањата на Манчестер Јунајтед, што значи да се бориме за трофеи во Англија и Европа“, кажа Тен Хаг.