Шпанија, Бразил, Грција и Порторико ќе играат на ЛОИ во Париз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарите на Грција вчера триумфираа со 80-69 против Хрватска во финалето на квалификацискиот турнир и се пласираа на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Париз.

Антетокумбо постигна 23 поени и осум скокови за победничкиот тим, додека Јоргос Папајанис додаде 19 поени.

Најефикасни кај Хрватска беа Ивица Зубац со 19 поени и 13 скокови, додека Дарио Шариќ постигна 14 поени, 12 скокови и четири асистенции.

Останати екипи кои вчера обезбедија место на ЛОИ во Париз се Порторико, Шпанија и Бразил.