Ремонт во одбраната: Тен Хаг има три желби – ќе потроши 100 милиони евра!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе прави ремонт на одбраната во летниот преоден рок и има три желби од кои две планира да оствари.

Матијас де Лихт, Џеред Брантвајт и Лени Јоро се кандидати за нови дефанзивци на премиерлигашот.

Евертон досега одби две понуди за Брантвајт затоа што сака повеќе пари, додека „ѓаволите“ во меѓувреме го договорија Де Лихт, но се очекуваат преговори со Баерн Минхен.

Тен Хаг во меѓувреме инсистираше и за ангажирање на Лени Јоро од Лил, а клубот прифати понуда од 50 милиони евра, но сега на фудбалерот останува да реши дали сака да го облече дресот на премиерлигашот или сака да игра во Реал Мадрид.