Манчестер јунајтед купи еден од најдобрите напаѓачи во Серија А


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед конечно постигна договор со Болоња и ќе плати 42,5 милиони евра за трансферот на Џошуа Зиркзе.

Зиркзе пристигна во Манчестер минатата ноќ и ќе има медицински прегледи, по што ќе се сретне со тренерот Ерик Тен Хаг.

Џошуа ќе потпише договор на пет години со „црвените ѓаволи“ и ќе биде прво засилување во ерата на Џим Ретклиф и ИНЕОС групацијата.

Холанѓанецот минатата сезона одигра 37 меча за калчолигашот, а притоа постигна 12 голови и седум асистенции.