Кирјос ќе му помага на Ѓоковиќ на патот кон трофејот на Вимблдон

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос му се приклучи на Новак Ѓоковиќ на подготовките за последните дуели на Вимблдон.

Ѓоковиќ денеска ќе игра во полуфинале против Лоренцо Музети, а претходно тренираше со Ник Кирјос.

„Во моментов работам како спаринг-партнер и му помагам. Едвај чекам да го гледам во полуфинале. Не треба никогаш да се сомневате во него“, кажа Кирјос.

Србинот од 16.30 часот треба да излезе на теренот против Музети.