„Саутгејт е еден од најдобрите селектори во историјата на Англија“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поранешниот селектор на Англија, Свен Ериксен го пофали актуелниот тренер на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт.

Ериксон посочи дека постои голем притисок кога водите екипа како Англија.

„Водењето на Англија носи притисок. Сите го почувствувавме тоа. Но никој од нас не го постигна успехот на Герет. Тој го предводеше клубот до полуфиналето на Мундијалот во 2018, па до финале на ЕП 2021 и четвртфинале на Светското првенство во 2022. Саутгејт е еден од најдобрите тренери во историјата на Англија“, кажа Ериксон.