Ван Дер Варт „распали“ по англиска ѕвезда вредна 100 милиони евра


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Рафаел Ван Дер Варт немаше милост по финалето меѓу Шпанија и Англија (2-1) на Европското првенство (ЕП).

Ван дер Варт го критикуваше фудбалерот од редовите на Арсенал, Деклан Рајс чиј трансфер чинеше 100 милиони евра.

„100 милиони евра за Деклан Рајс? Што прави тој на теренот? Ја собира топката и му ја дава на Џон Стоунс. Тој е бескорисен на теренот. Ако навистина вредиш 100 милиони евра, треба да знаеш како да играш и во напад“, вели поранешниот фудбалер.