Надал ќе настапи на Ју-Ес Опен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната, каде што најверојатно ќе го има последниот настап во кариерата.

Надал досега го освои четири пати турнирот во САД, а последен пат го крена пехарот во далечната 2019 година.

Шпанецот во моментов е на 261. место на АТП-листата, а во моментов игра на турнирот во Баштад од серијата 250, кој служи како подготовка за Олимписките игри во Париз.