Модриќ стави потпис на нов договор со Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ потпиша нов договор со шпанскиот гигант Реал Мадрид и ќе остане во клубот уште најмалку една година.

Модриќ најверојатно во текот на следната сезона ќе добива шанса од клупата за резерви, затоа што Карло Анчелоти ќе смета на младите играчи како Камавинга, Белингам, Валверде и Чуамени.

Хрватот досега одигра 580 меча за „кралевите“ и постигна 38 голови.