Конте во Наполи носи напаѓач со кој соработуваше и во Интер


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Напаѓачот Виктор Осимен наскоро го напушта Наполи, а поради тоа калчолигашот почна да размислува за негова замена.

Иако има неколку опции, сепак тренерот Антонио Конте го избра Ромелу Лукаку од Челси кој наводно веќе ги прифатил личните услови.

Лукаку се договорил да потпише тригодишен договор со плата од шест милиони евра по сезона, а трансферот ќе изнесува 35 милиони евра.

Наполи, сепак, ќе почека со реализација на трансферот сè до продажбата на Осимен во ПСЖ или Саудиска Арабија.