Ливерпул е подготвен за заминувањето на Салах – ќе ангажира бивш фудбалер на Реал!?


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул е подготвен за разделба со Мохамед Салах кој има договор на уште една сезона со премиерлигашот.

Салах би можел летово да замине во Саудиска Арабија, а Ливерпул како негова замена планира да го ангажира Такефусо Кубо од Реал Сосиедад.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид вреди околу 50 милиони евра и има договор со Реал Сосиедад до 2029 година.

„Кралевите“ немаа трпение за Кубо, кој блесна дури по заминувањето од „Сантијаго Бернабеу“.