Савиќ го напушти Атлетико и се пресели кај Барди


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид се раздели со искусниот фудбалер Стефан Савиќ, кој играше за екипата од 2015 година.

Савиќ ја продолжува кариерата во Турција, односно во Трабзонспор чиј дрес го носи и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Црногорецот се договорил со турскиот тим и ќе потпише договор најмалку до јуни 2027 година, а засега не се откриваат финансиски детали од соработката.